На граничниот премин Стар Дојран денеска промовираме уште една наша информативна акција со порака до сите учесници во сообраќајот: „Те чекаме дома. Не брзај!“.
Нашата интенција е да им укажеме на учесниците во сообраќајот, особено сега кога во летните периоди традиционално се зголемува фреквентноста на сообраќајот, дека за безбедното патување е примарно почитувањето на сообраќајните правила и прописи – рече министерот Оливер Спасовски на промоцијата на уште една во низата кампањи на МВР за побезбеден сообраќај.
Оваа кампања, како што посочуваат од МВР, пред се е насочена кон брзината со која се движат учесниците во сообраќајот, а летоците што ќе се делат на патниците на граничниот премин, имаат за цел да ги потсетат нашите граѓани, но и странците, на почитување на брзинските ограничувања и на нивната лична сообраќајна безбедност.
Министерот Спасовски денеска имаше и средба со полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор Стар Дојран на која се разговараше за важни аспекти од нивното секојдневно работење. Особено што обемот на работа, примарно во делот на граничната контрола и надзор, расте особено во летните месеци кога протокот на возила и патници двојно, па и тројно се зголемува
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.