Како војник качен на бел коњ им помагал на тие што биле во неволја
Именден празнуваат: Мино…
Роден во Мисир, египетскиот војник Минa живеел за време на царот Диоклецијан кога бил вршен прогон на христијаните. Бил офицер во царската војска, но ја напуштил службата и заминал во пустина, зашто подобро се снаоѓал меѓу ѕверовите отколку меѓу луѓето неверници.
Еднаш додека паганите прославувале некој свој празник Минa влегол во градот, објавил дека е слуга Христов и ги разобличил идолопоклонството и паганството како најголем мрак и незнаење. Поради тоа бил изложен на големи мачења, бил тепан, струган со железни четки, а потоа исечен со меч и фрлен во оган за да не можат христијаните да го погребат.
Но тие, сепак, спасиле делови од неговото тело и пристојно ги погребале. Подоцна тие биле пренесени во Александрија и биле погребани, а над нив била подигната црква посветена на неговото име.
Свети Минa настрадал околу 304 година. Правел чуда и за време на животот и по смртта. Често им се јавувал на тие што му се обраќале, некогаш како војник качен на коњ, и им помагал на тие што биле во неволја.
Свети Мина особено се прослави како застапник пред Бога по напуштањето на земниот живот, слично како свети великомаченици Димитриј и Ѓорѓи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.