Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) отвора конкурс за авторски текст на тема „Субвенции во медиумите и нивното влијание врз професионалното новинарство“ што ќе биде објавен во електронската публикација „Новинарството како јавно добро“.
Конкурсот е отворен за сите членови на ССНМ, кои можат да испратат апликација на адреса ssnm.info@gmail.com. Таа треба да содржи лични податоци на кандидатот (име и презиме, мејл и телефон), новинарски жанр со кој ќе биде обработена темата (анализа, репортажа, истражување, интервју…), како и краток опис на аголот кој авторот смета дека е релевантен за обработка на проблемот со опаѓањето на професионалното известување.
Авторот ќе биде избран од тричлена комисија според квалитетот и оригиналноста на пристапот содржан во апликацијата. Текстот ќе биде хонориран со 100 евра (бруто).
Електронската публикација е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: справување со лажните вести“ во кој ССНМ е партнер на Македонскиот институт за медиуми, заедно со Медиа дајверсити институт од Лондон, Институт за комуникациски студии и Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги. Проектот е поддржан од Европската Унија. Секој број на публикацијата ќе обработува една поширока тема поврзана со професионалното новинарство, како и со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници во Македонија. Рок за аплицирање: 7 март 2019. Рок за завршување на анализата: 20 март 2019, велат од ССНМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.