Времето наутро во земјава ќе биде ведро и студено со услови за утринска магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Во вторник ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време со умерен, на места засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во значителен пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.