Времето во земјава ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, на места со провејување снег. Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час.
Минималната температура е биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје претежно облачно и студено со засилен северен ветер. Повремено во делови од котлината ќе провејува снег. Минималната температура се спушти до 1, а максималната ќе достигне 4 степени Целзиусови.
Од недела ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди и со пониски утрински температури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.