Под влијание на СТУДЕН БРАН од север, кој ќе пристигне утре попладне и навечер и ЗНАЧИТЕЛНО ќе ги спушти температурите на воздухот, особено оние минималните (ноќните и утринските температури). Овој бран ќе услови и појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи во текот на утрешното попладне, особено во северната половина од државава.
Денес и утре максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Додека од четврток максималните температури ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени во најтоплите предели. Утре попладне и навечер, како и во четврток ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено ЗАСИЛЕН ветер (околу 60 км/час) и од северен и од северозападен правец.
Особено ниски утрински температури ќе имаме од четврток кога ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели од државава, па доколку излегувате рано наутро ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да понесете ПОТОПЛА облека. Овие температури ќе бидат и под просекот за овој дел од годината, односно ќе биде ПОСТУДЕНО од вообичаеното.
Во Скопскиот регион за време на овој студен бран се очекуваат минимални температури од само 10 степени, додека максималните ќе бидат значително пониски и ќе се искачат до околу 25 степени. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен и северозападен ветер, особено утре попладне и навечер, како и во четврток.
Позначителна промена на временската состојба ќе имаме за време на викендот кога се очекува дестабилизирање на времето кај нас и врнежи. Состојбата ќе се следи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.