Министерството за внатрешни работи информира дека се воведува привремен сообраќаен режим во летниот период на патот Скопје – Охрид.
Со цел одбегнување на застој во сообраќајот односно овозможување на побрз проток на возила на магистралниот пат А2 делница : Скопје-Охрид-Скопје од 01.07 до 01.09.2019 се воведува привремен сообраќаен режим за време на летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.
Временските интервали кога важи забраната се следниве:
петок : 15:00 – 22:00 часот, сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела : 07:00 – 22:00 часот, стои во соопштението на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.