Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од ЈП „Макединијапат“ информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Подетални информации граѓаните можат да добијат на нивниот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или на веб-страницата www.makedonijapat.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.