Поради градежни активности на експресниот пат А4 Штип – Радовиш, од 17 часот сообраќајот на потегот Бучим – Радовиш се одвива по паралелен пат, со ограничена бризна од 30 до 60 километри на час.

Автомотосојузот соопшти дека според известување од „Страбаг АГ“, пренасочувањето се прави поради изведување асфалтерски работи на тој потег од главниот пат.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.