Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец.

Минималната температура е во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 31 степен Целзиусов.

Во следните денови ќе преовладува значително топло време. Во понеделник и вторник сончево и стабилно со мала до умерена локална облачност. Од среда во попладневните часови ќе се зголемуваат условите за појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.