Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи.

УХМР информира дека ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи од 11 до 18 степени, а дневната од 25 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура достигна до 15, а дневната ќе се искачи до 33 степени Целзиусови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.