Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утрото е доста свежо, минималната температура се движи во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура се спушти до 10, а максималната ќе достигне 28 степени Целзиусови.

Од вторник следува период со повремено зголемување на облачноста и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните и вечерните часови, претежно во западните делови, ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.