Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец поизразен попладне во централните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне 21 степен.
Во следните денови времето ќе се задржи стабилно и топло со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени. Нов влажен и постуден бран проследен со врнежи претежно од дожд се очекува во понеделник од крајот на денот. Во вторник ќе има позначително спуштање на дневните температури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.