Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Минималната температура е во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени Целзиусови.

Од утре времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.