Времето денеска во државата ќе бид сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а дневната од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови, како што соопшти УХМР, ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. До среда дневните температури ќе бидат во благ пораст, а потоа ќе имаат тенденција на опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.