Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималните температури ќе се движат од 29 до 35 степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната до 32 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека во наредните денови не очекува променливо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

Во петок попладне претежно во јужните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Променливо облачно и нестабилно ќе биде и во сабота, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град. Од недела следува период на стабилно и топло време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.