Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Минималната температура е во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени Целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од западен правец. Минималната температура се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 Целзиусови степени.
Во наредните неколку денови ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури. Во недела ќе има услови за слаба утринска магла по одделни котлини.
Во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник, под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.