Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/час) што ќе предизвика опаѓање на температурите. Утринската температура ќе се движи од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Охрид времето сончево со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 25 степени.
Во петок и сабота ќе се задржи стабилно со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на места се очекуваат и пообилни врнежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.