Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура е во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови.

Утре и во деновите од викендот ќе има промена на времето и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20 литри на квадратен метар, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.