Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Околу пладне и попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе биде 8.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 22 степени, а дневната од 28 до 38 степени.
Во Скопје и околината, времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 37 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.