Времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните делови. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 16 до 28 степени.
Во Скопје слично време со температура до 26 Целзиусови степени, во Маврово 16, Охрид 21, Битола 24, Крива Паланка и Берово 21, Кавадарци 27, Дојран 28 степени.
И во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, освен во понеделник кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.