Граѓани се жалат на социјалните мрежи дека наидуваат на тешкотии при движењето. Неичситените улици и постојаните врнежи од снег го затрупаа Скопје и магистралните и регионалните патишта. Бројни се фотографиите од сообраќајните незгоди поради неисчитени патишта.
-Не го качувајте и слегувајте Плетвар… патот не е прооден и за леки коли… има камион превртено кај фаришка клисура… барајте го спасот во бензиските и кафаните пред да почните да качувате и од страната на Прилеп и од страната на Кавадарци…
Ние заглавивме, пишува еден патник од велешко брдо.
На патниот правец Демир Капија-Смоквица сообраќајот е блокиран поради превртена цистерна.
Автомобил излета на патниот правец Велес-Скопје.
Граѓаните негодуваат:
-Алооо служби. Во јануари ли ве изненади снегот? Ова е автопатот пред Скопје. Од Куманово до Скопје хорор филм за возење и тоа по меѓународен автопат. Пред Скопје кај „Белви“ има излизгано возило. Соберете си ги багерите и одма да чистите. Брука жива. И кај Крива Паланка било хорор, пишува една патничка.
На Плетвар колоната од возила не се движи подолго време. Ова се коментарите од патниците кои се најдоа заглавени таму вечерва:
-Колоната сеуште не се придвижува.
-Немојте да одите натаму, не ризикувајте.
-Луѓето кои се веќе таму со мали деца се мрзнат, страшно е…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.