До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде променливо облачно и ветровито со сончеви периоди кој понекаде ќе бидат и подолги. Локално ќе има услови за сосема краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, понекаде повремено и силен ветер (над 70 км/час) и од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени, прогнозира Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кој повремено ќе бидат и подолги. Ќе дува засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 18 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде постабилно, исклучок ќе биде среда кога повторно ќе има повремени локални врнежи од дожд. До вторник температурите ќе бидат во пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, особено во вторник кога ќе биде и најтопло. Во среда поради продор на постуден воздух од север температурите ќе бележат тенденција на пад, сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец а покрај локалните врнежи од дожд, на високите планини ќе има услови и за провејување на снег. Потоа од четврток па натаму температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на постепен пораст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.