Времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната температура од 11 до 21 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура до 16 степени.
Во недела врнежите ќе бидат пообилни (над 20л/м2) и поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура од недела зачително ќе опадне.
Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.