Во текот на октомври месец не е исклучена можноста да дојде до продор на позначително студена маса од север, прогнозира Славчо Поповски, според моменталните анализи направени со помош на, како што вели, најпрецизните метеоролошки модели во светот.

Кога таа ќе стигне над нашите краишта, односно над Јадранот и Медитеранот, ќе дојде до формирање на циклонски системи кои нормлано условуваат врнежи. Со ваквите спуштања на значително постудени воздушни бранови, има услови во текот на октомври да се случат и првите врнежи од снег на планините во Македонија. Она што е интересно, според моменталното следење на развојот на временската состојба за следните месеци, е тоа што ноември, а посебно декември, би можеле да имаме значително постудено време за разлика од изминатите години, но со нешто помалку врнежи и тоа особено во ноември, но снегот сепак нема да изостане, вели Попоски.

Сепак, генерално, и по температури и по врнежи, дополнува Попоски, месец октомври ќе ни биде во границите на нормалата за овој период од годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.