Екстремно топлотниот бран кој неодамна зафати голем дел од Европскиот Континент и е со потекло од северните предели на Африка веќе од следната недела, односно од вторник пристигнува и кај нас и истиот ќе услови значителен пораст на температурите на воздухот, како на утринските така и на максималните дневни. Времето ќе бид емногу стабилно и без врнежи, однсоно ќе биде сончево повремено со мала локална облачност а од среда па натаму барем засега растат условите за изолиран развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималните дневни температури на воздухот пак највисоки ќе бидат на средината од следната недела и истите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени додека пак во централните и во југоисточните предели од државава истите се очекува да се искачат и до 42 степени.
Поради јужното и југозападното воздушно струење во текот на следната недела од Сахара кон нашата територија ќе се изврши транспорт на прашина и на песок па така и атмосферата ќе биде позаматена а времето ќе биде доста мачно и спарно. Во ваква ситуација на граѓаните им препорачуваме да пијат што повеќе течности и да јадат лесна храна (овошје и зеленчук).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.