Времето во наредните денови ќе биде умерено до значително облачно. Во вторник ќе има појава на слаб локален дожд и ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура, особено од среда. Кон крајот на неделата ќе биде поведро, па ќе се намали и утринската температура.

Како што информира УХМР, минималните температури во петок и сабота ќе бидат под нулата и ќе се движат од -3 до пет степени, а дневните ќе достигнат максимум 19 степени. Утре утринските температури ќе бидат во интервал од 4 до 9 степени, а дневните од 16 до 24 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.