По низата силните земјотреси што синоќа го потресоа мавровскиот регион, водата за пиење е заматена и не се препорачува да се користи за пиење, соопштија утрово од Јавно претпријатие за комунални дејности Маврово.
Заматувањето на водата, поради која таа не се препорачува за пиење, е чест проблем во овој регион, посебно во перидот кога има посилни врнежи. Истото се случи и при ланските земјотреси чијшто епицентар беше во Леуново.
Два силни земјотреси со јачина од 4,7 и 4,4 степени по Рихтер синоќа го погодија овој регион, во 22 часот и 17 минути и 22 часот и 28 минути. Земјотресот беше почуствуван и во Скопје, Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево и Струга. Притоа, не беа забележани поголеми материјални штети.
Претходно беше забележан и послаб земјотрес во 20.40 часот, со јачина од три степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.