Земјотрес со епицентар 120 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, е регистриран вечерва во 19 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.2, а беше почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.