Времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и проследени со засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне само 14 степени Целзисуови.
Во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд со променлив интензитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.