На граничниот премин Табановце до 10 часот поминале вкупно 3 217 патници, сооштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од нив во земјава се влезени 1 984 лица од кои 1 308 домашни и 676 странски државјани. Од државата излегле 1 233 патници, од кои 912 домашни и 321 странски државјани.

Зголемената фрекфенција на патници следува откако на полноќ стапи во сила владината одлука со која се овозможи влез во земјава без никакви ограничувања.

Патниците можат да патуваат без да приложат ПЦР тест не постар од 72 часа и без да одат во државен карантин или домашна самоизолација.

Во пресрет на отворањето на границите, на барање на Главниот координативен кризен штаб, Државниот санитарен и здравствен инспекторат синоќа донесе одлука со која се поништуваат сите дејствија по решенијата за периодот од 13 до 25 јуни годинава за лицата под здравствен надзор и домашна изолација и лицата во државен карантин кои влегле во Република Македонија со негативен ПЦР-тест на ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.