Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 15 до 23 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

И во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст. Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат во деновите од викендот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.