Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Попладне почнувајќи од северните делови облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната од 12 до 18 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од понеделник ќе се задржи свежо време со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Се очекува утринските температури од вторник на повеќе места да бидат околу нулата. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.