Попладнево времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи. Во текот на ноќта ќе преовладува малку до умерено облачно со слаб ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Минималните температури ќе се движат од седум до 14, а максималните од 20 до 27 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 11 до 25 степени.
Во четврток ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Во петок и за време на викендот се очекува стабилно, суво и топло време со значителен пораст на температурата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.