Денеска ќе биде променливо облачно, од рано наутро со повремени врнежи од дожд, на планините на запад со снег. Преку денот ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот повремен дожд ќе има на југоистокот и крајниот запад од земјата. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени Целзиусови.

Во Скопје од наутро со повремен дожд, а потоа со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Нови врнежи од повремен дожд ќе има од вечерните часови. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени Целзиусови.

Следува период на претежно променливо облачно и врнежливо време. Врнежите кои краткотрајно ќе завршуваат до пладневните часови пообилни ќе бидат на југоистокот. Нови врнежи наместа пообилни ќе има од ноќеска, а во вторник услови за појава на дожд ќе има во крајните западни делови.

Од среда ќе е малку постудено и во тој период врнежите на планините ќе се од снег, а снег може повремено да провејува понекаде и на повисоките места. Во останатите делови врнежите ќе се од дожд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.