Од УХМР известуваат дека до крајот на денот ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално во јужните делови се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Времето во четврток ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Времето во петок ќе биде променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Времето во сабота ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.