Времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен и западен ветер. На повеќе места, ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено повеќе во источните и североисточните делови на земјава.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 11 до 17, а највисоката температура ќе се движи од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне ќе има услови за локален пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а за време на викендот и во почетокот на наредната седмица повторно ќе има услови за појава на попладневна локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен северозападен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.