Времето во македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло, Ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер (на места со брзина околу 80 км/час). Попладне во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На планините врнежите ќе преминуваат во снег.
Утринската температура ќе се движи од 6 до 11, а дневната од 13 до 18 степени Целзиусови.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне 16 степени Целзиусови.
Во четврток ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои на места, особено во југоисточните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, па за време на новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде се уште ќе биде пооблачно со услови за слаб дожд, а на планините за слаб снег.
Во петок и сабота времето ќе биде стабилно со услови за слаба магла по одделни котлини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.