Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната температура ќе се движи од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до пет степени, а дневната температура ќе достигне до 23 степени.
Следува период на стабилно време, освен во среда кога ќе има повремен дожд, а локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и појава на грмежи. Во среда и во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.