Времето претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Од четврток попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.