Продолжува нестабилната состојба со одроните на магистралата А3, која е дел од патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Во моментот зафатена од поголем одрон е делницата кај село Илиово. Раководителот на Македонија пат, Влатко Цоневски информира дека дел од овој одрон е исчистен, а на пат е механизација за истиот целосно да биде отстранет.
Наши екипи го оспособија коловозот за да може да се одвива сообраќајот, а по пристигнувањето на механизацијата ќе се работи на негово целосно отстранување, рече Цоневски.
Апелираше и покрај тоа на оваа делница која речиси цела недела е зафатена од одроните да се вози внимателно и притоа да се почитува сообраќајната сигнализација.
Од утриво и во текот на ноќта сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.