Следува период на стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб до умерен ветер од северен правец и максималната температура од 27 до 35 степени.
Во Скопје исто така сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата до 32 степени и УВ-индексот со вредност 8.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.