Претпладнево ќе биде сончево со умерена облачност, освен на крајниот југоисток каде ќе биде облачно со повремен локален дожд.

Минималните температури ќе се движат од седум до 16, а максималните од 16, до 25 степени Целзиусови. Во Скопје температурата ќе се искачо до 24 степени Целзиусови.

Под влијание на циклонска активност, попладнево, во текот на ноќта и утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја.

На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, од 30 до 40 литри на метар квадратен за 24 часа, а локално и повеќе.

Во ноќните и раните утрински часови кон вторник, врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер, денеска од југоисточен, а утре од југозападен правец.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во среда, а нов влажен бран се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.