Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена променлива облачност, а попладне и особено во планинските региони ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ветерот краткотрајно ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната температура од 18 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена променлива облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната температура до 28 степени. Маврово 18. Охрид 21, Битола 25, Крива Паланка 24, Берово 21, Кавадарци 29, Дојран 30.
Утре ќе имаме променливо облачно време, попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 18 до 29 сстепени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.