ИЗВЕСТУВАЊЕ: На 09.03.2019 сабота, од 08:00 до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Смоквица-Миравци (пред клучка Миравци), за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март.
СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ: Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2018 до 01.04.2019 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
РАБОТИ НА ПАТ:
Г. П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Виадукт трејд од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај во времетраење од 4 месеци (120 дена), на потег од бензиска пумпа Мак Петрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с.Вруток, Општина Гостивар.
Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 изведува градежни работи на пат на регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5 км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација
На 08.02.2019 година на патниот правец А4 Скопје – Петровец и обратно, поточно на патниот јазол Петровец, извршена е трајна измена на режимот на сообраќај на тој начин што е затворен исклучокот од автопатот Скопје – Велес, кој води кон с. Петровец, а се наоѓа пред н. с. Петровец и истиот е поместен по н. с. Петровец. Oд патниот правец Велес – Скопје исклучокот за с. Петровец е поместен пред н. с. Петровец, а затворен е исклучокот кој се наоѓа по н. с. Петровец .
Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:
-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.
-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.
Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.
Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.
Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.
Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.