Поради градежни работи на експресниот пат Штип – Кочани, од денеска до 14 ноември ќе биде пренасочен сообраќајот на делница од магистралниот пат А3.
Автомотосојузот информира дека сообраќајот на магистралниот пат А3 ќе биде со пренасочен режим на делницата од Компостарата до Подлошката крстосница.
Се повикуваат сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и на почитување на сообраќајната сигнализација за привремен режим – порачуваат од АМСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.