Времето денеска преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекуваат врнежи локално во југоистокот, а од север ќе започне да се проширува нова облачност.

Нови врнежи од дожд ќе започнат од вечерните часови од северозапад, а на планините и понекаде на повисоките места тие ќе бидат од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 14 степени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.