Времето денеска ќе биде сончево, претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, а попладне со мала до умерена облачност.

Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места на запад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Утринските температури ширум земјава се во интервал од минус пет до два, додека максималните ќе се движат во интервал од пет до 14 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со температура до 11 степени Целзиусови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.