Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во посеверните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 29 до 37 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи со засилување на претежно западен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 35 степени.
Во недела нестабилноста ќе биде претежно попладне и во источните делови од земјата. Од понеделник следува сончево време со побрз пораст на температурите и особено топло време на средината на работната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.