Попладнево дојде до прекин на услугите од телекомуникациската компанија А1. Корисниците на мобилната телефонија не се беа во можност да реализираат ниту дојдовни, ниту појдовни повици кон било која мрежа во земјата.
Од компанијата А1 велат дека нивните тимови интензивно работат со цел што поскоро решавање на проблемот.
Во моментов се соочуваме со техничка потешкотија со воспоставување на повици во мобилната телефонија. Во поголем дел потешкотијата е надмината, а техничките служби работат на целосно решавање во најбрз можен рок- велат од компанијата А1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.